Остра Карпа, Прилеп. Еххх какво место. Мојата љубов кон тоа место ми ја отвори Моте. Минатата година бевме со него за Велигден и од тогаш не можам да го заборавам. Тогаш ги качивме Жикино Окно и Мајсторо
Среда, 16 Јуни, 2010 во 3:01 Напишано од Моте
Остра Карпа, Прилеп. Еххх какво место. Мојата љубов кон тоа место ми ја отвори Моте. Минатата година бевме со него за Велигден и од тогаш не можам да го заборавам. Тогаш ги качивме Жикино Окно и Мајсторо
Вторник, 1 Јуни, 2010 во 12:54 Напишано од Марјан
Желбата на Моте конечно се оствари. Моте ја качи насоката Ич-ебана во Демир Капија...
Понеделник, 31 Мај, 2010 во 4:06 Напишано од Моте
Во продолжение на текстот повеќе ...
Понеделник, 10 Мај, 2010 во 12:02 Напишано од Владо
Сташа Гејо нашата добро позната Нишлијка, го направи своето прво 8a + искачување на насоката Сицилијанац во Јелашничката клусира во близината на Ниш, Србија. Така што во моментов таа е најмладиот женски спортски качувач што има качено 8а +, , Сташа Гејо има освоено 21 златни, 9 сребрени и 4 бронзени медали на меѓународни и европски натпревари." Таа е родена на 25 Ноември 1997 година во Ниш, Србија. На 10годишна возраст, таа ги искачи насоките Razor и Амонијак со тежина 7C (IX) истотака во Јелашничка клисура.
Вторник, 4 Мај, 2010 во 4:04 Напишано од Владо
Заврши и овогодинешниот натпревар во Big Wall качување, кој веќе наназад години се одржува во Пакленица, Хрватска. За се што се случуваше таму погледнете на http://www.paklenica.hr/Paklenica_BWSC_2010_Rezultati.htm
Вторник, 27 Април, 2010 во 9:24 Напишано од Владо
На 24 Април во Волос се одржа Балканското Првенство во спортско качување. Како дебитант и големо појачување на МКД репрезентација беше нашиот Ичи кој денеска на 27 Април на роденденот на клубот го слави и својот роденден-честито !!! Тој го освои 3 место во брзинско и со тоа ја започна својата натпреварувачка кариера. Инаку Екстрем со своите членови Виктор, Стефан, Давид и Ичи е дел од МКД спортско качувачка репрезентација, која растури кај нашите политички фрустрирани соседи, Грците во Волос. По натпреварот во неделата следеше качување на природна карпа покрај море со мирис на сол и оригано, а најмладите се измија во морето и ја започнаа капачката сезона-како вика онаа поговорката кога нешто правиш “на Турчин треска мене здравје“ епа на здравје клубски другари и да ние честит денеска 17от роденден на нашиот клуб. Поздрав и само качувајте!
Среда, 31 Март, 2010 во 3:49 Напишано од Моте
Маткино трло, една мистична мала карпа која е есенско/эимски/пролетен предиэвик. Сместена на јужна страна, која сонцето ја гали со сета своја силина ни овоэможува прекрасни рано пролетни искачување.
Вторник, 16 Март, 2010 во 1:21 Напишано од Моте
19-21.03.2010 Прилеп. Спиење во шатори (освен ако не си Прилепчанец).
Недела, 14 Март, 2010 во 4:29 Напишано од Владо
На 13ти Март, саботата, триумфален извик се слушнал во Сиурана, Шпанија. Чехот Адам Ондра(17год) ја качи “Голпе де Естадо 9б !!! Насоката “Голпе де Естадо“ 9б се наоѓа во секторот Ел Пати во Сиурана. По 10 дена вежбање (по 3 обиди на ден)понекогаш пропратен со тежок ветер зад себе, 17 годишниот феноменален чешки качувач Адам Ондра ја качи досега најтешката насока за него “Голпе де Естадо“ 9б. По Крис Шарма, Адам Ондра го направи 2то качување на оваа насока. Инаку “Голпе де Естато“ е директ варијанта на насоката “Естадо Критико“ 9а. Првиот дел од насоката е 9а+. Потоа насоката продолжува по “Естадо Критико“, каде по кршење на клучно фаќалиште никој на немаше качено и никој не се осмелуваше од причина што не веруваа дека сеуште ќе биде 9а насоката. Со ова повторување на Адам Ондра се увиде дека може да се помине насоката, но тежината веќе не е 9а, туку: “Од кога се скрши фаќалиштето насоката е 9б, ама тешка 9б“ – ова се зборовите на Адам Ондра. Today morning Czech Mountaineering Union hold press conference in Prague with a long distance telephone interview with Adam about preparation for climbing of the „Golpe de estado“ 9b. Just couple hours after the press conference he sent the route that was in focus of the questions. Веќе денеска, недела 14ти Март, Чешката Федерација за Алпинизам и Спортско Качување одржа пресс конференција во Прага пропратен со долг директен телефонски разговор со Адам Ондра од Шпанија, која ја опишал подготовката и самото икачување на насоката “Голпе де Естадо“ 9б. Неколку часа по прес конференцијата, веќе на сите сајтови беше испратена слика од неговото качување. Ехххх каква федерација ! Кај нас во МКД голем број од членовите на федерацијата не ги знаат оцените на качување, а камо ли цената на ваков успех! Поздрав до братот по Словенска крв, чехот Адам Ондра!
Понеделник, 1 Март, 2010 во 8:05 Напишано од Владо
Малку слики од Бодлер маратонот! Инаку супер беше. Имаше публика онолку колку што има вљубеници во болдерот. За другите кои не дојдоа да гледаат и барем да се поздрават со гостите, нека им е на чест, спортска!!!Како и да е Екстрем има членови кои навистина работат и допринесуваат за упсехот на клубот. Поздрав до нив.
Понеделник, 22 Февруари, 2010 во 6:26 Напишано од Пуци
Сонот на Пуци започнува!!! Ете другари во недела започнува лигата, ќе се натпреваруваме. Да видиме кој спиел во зимски сон, а кој тренирал. Ова е апел до сите ненадежни спортски качувачи над 30тата година да се појават во недела на Болдер маратонот. Поздрав до Декла !
Четврток, 4 Февруари, 2010 во 11:55 Напишано од Марјан
Во сабота и во недела во салата на машнскиот факултет, во терминот за тренинг, ќе се одржи првото додинешно полагање за СПОРТСКИ КАЧУВАЧ!
Понеделник, 4 Јануари, 2010 во 7:27 Напишано од Марјан
После новогодишните празници, Марјан и Моте сериозно навалија на убавите турски качувачки насоки...
Сабота, 2 Јануари, 2010 во 9:05 Напишано од Моте
Ние мислиме на Вас и ќе качиме нешто и за вас... читај повеќе во продолзение од текстот...
Среда, 30 Декември, 2009 во 9:42 Напишано од Лиде
Клубот ЕКСТРЕМ на сите свои пријатели и посетители на оваа страна им ги честита претстојните празници со желба наредната година да биде многуу подобра и поуспешна од оваа на сите полиња, многу повеќе качување и дружење
Вторник, 22 Декември, 2009 во 10:08 Напишано од Владо
Ај нека ни е честито официјалниот почеток на зимата. Значи како што доликува така и ја дочекавме зимата, со снег, со минус температури, со солзи кај некои и насмевки кај другите. Сега земај те ги бајлите и на тренинг затоа што веќе се подготвуваат натпреварите во Dry Tooling i Ice climbing. Со бајла поздрав !!!
Петок, 4 Декември, 2009 во 11:19 Напишано од Владо
Поради местење на нови насоки за Државното Првенство, деновите во престојниот викенд 05(сабота) и 06(недела).12. нема да има тренинг.
Петок, 27 Ноември, 2009 во 7:36 Напишано од Владо
Првак во болдеринг и во водство, натпреварувач и дете кое изразна во салите низ Австрија, овие денови се подготвува за експедиција во Патагониј, ни помалку ни повеќе на Церо Торе. Ништо не е чудно, да Давид Лама не е она што е, од каде што сите го познаваме, врвен спортски качувач натпреварувач. Алпите, Јосемити, Чиле, Киргистан, се само неколку е некои дестинации познати по исклучително тешки Big Wall качувања на кои овој младич им се намерачил да ги повтори слободно. Тој и неговиот партнер, Даниел Стеурер моментално се подготвуваат за тримесечен престој во Патагонија, каде слободно ке ја качуваат познатата Компресор насока на Церо Торе.
Понеделник, 16 Ноември, 2009 во 4:33 Напишано од Владо
На вештачката карпа на машински факултет направивме нови 5 насоки. Креациите на насоките се на Владо и Лазе со примеси од Марјан. Насоките се со тежина од 6а+ до 7а. Па сега ајде навалете, нема уште многу време за припреми за Државното Првенство.
Понеделник, 9 Ноември, 2009 во 7:31 Напишано од Владо
Како што пишува на www.climbing.mk се одржа Првентсвото на Југо Источна европа и како дел од Македонската спортско качувачка репрезентација беа членови на Екстрем. Тоа се Бојана Божиновска, Лазар Банов, Јован Андонов, Виктор Трповски, Стефан Петровски и како тренер Дејан Петровски и селектор Владимир Трповски. Браво за Екстрем. Школата на екстрем секогаш вадела квалитетни качувачи.
Вторник, 3 Ноември, 2009 во 11:52 Напишано од Моте
Распукала, распукала Шар Планина, Ајде, распукала, распукала Шар планина... Секоја планина со својата тежина, што би кажал народот, но и со својата убавина. Но има ли „лоша и добра“ планина!?
Четврток, 29 Октомври, 2009 во 12:54 Напишано од Владо
Нашиот член Марјан Киндалов, спортски качувач, потоа веб дизајнер на клубската и СКА страната, спасител во планинско спасителната единица при Црвениот Крст, реши да Дипломира. Тоа како и што доликува на еден вреден момак, неговата Дипломска беше уникатна и подржана од државните субјекти, која пак ќе послужи во идната работа на истите тие субјекти. Честито за Марјан и сега дечки напаѓајте го, ќе има време за качување, дополнување на веб страните, за ноќен живот итн. Поздрав до него и честито !
Понеделник, 26 Октомври, 2009 во 1:29 Напишано од Владо
Браво за нашите најмлади качувачи. Тие ни се иднината на врвното качување. По Белград и јас и Декла свативме дека треба многу ама многу повеќе да се посвети внимание на најмладите спортски качувачи. Иако ние Македонците се вративме со медали во сите категории каде учествувавме, сепак бевме некако разочарани колку повеќе деца и родители беа присутни од другите земји и колку повеќе наши колеги од Србија, Бугарија, Словенија се ангажирани во градење на врвното спортско качување. Сепак децата се темелите на секој спорт и сметам дека секој клуб во МКД треба посериозно да размисли за идната стратегија во спортското качување. Нашите најмлади на Првенството покажаа врвна техника, одлична спортска дисциплина и дадоа се од себе за да освојат дел од трофеите. Поздрав до нив.
Четврток, 22 Октомври, 2009 во 10:19 Напишано од Владо
Минатиот четврток на Електротехничкиот Факултет во Скопје бевме почестени да следиме Дипломска работа. Нашата Маја, малата, а сега голема со знаење Маја, бранеше Дипломска работа. Право да ви кажам ја одбрани гордо со 10 ка. Оваа наша клубска другарка е еден од најдобрите женски спортски качувачи во МКД и воедно одличен студент, сега веќе Дипломиран Електротехнички Инжињер. Честито Маја, само напред!!!
Вторник, 20 Октомври, 2009 во 10:36 Напишано од Моте
Прилеп повторно влегува во очите на качувачите. Изминатиот продолжен викенд од 10 до 12 октомври, 3 дена се качуваше на локалитети во Прилеп и околината... читај повеќе во продолжение...
Понеделник, 19 Октомври, 2009 во 11:20 Напишано од Владо
Ја почнавме сезоната на качување во сала. На чело со МКД спортски качувачи инструктори започнаа тренинзите на вештачката карпа на Машински факултет. Термините се вторник од 17.00 до 18.30часот, потоа сабота и недела од 18.30 до 20.00 часот. Епа дечки ајде на качување и поинтезивен тренинг. Сега ни почнуваат и натпреварите, па де се подготвуваме, кој како и за што. Напорен тренинг, добро качување!
Сабота, 3 Октомври, 2009 во 12:05 Напишано од Владо
Почитувани, СЕ ОДЛАГА ИСПИТОТ ЗА СПОРТСКИ КАЧУВАЧ, КОЈ ТРЕБАШЕ ДА СЕ ОДРЖИ 03 ОКТОМВРИ НА ДЕМИР КАПИЈА. Кога ќе биде следното полагање, ќе ве извести Претседателот !
Петок, 2 Октомври, 2009 во 3:41 Напишано од Владо
Ај честито колеги! Имаме ново лого на клубот. Дизајнерот е Моте, нашиот домаќин без жена. Фала до Моте.
Петок, 2 Октомври, 2009 во 3:12 Напишано од Владо
Минатата недела на Маткино Трло се одржа семинар за спортски качувач на кој се повторија сите важни техничко безбедости работи во спортското качување. Од таму овој викенд на Демир Капија ќе има полагање за сите кои не положиле за спортски качувач. Епа дечки спремај те се! Само напред. Инаку ќе се полага пред комисија составена од инструктори спортски качувачи кои имаат стекнато назив и лиценца преку ФПСМ*СКА*. Поздрав до сите !
Четврток, 13 Август, 2009 во 12:10 Напишано од Владо
Во денешно време кога младината на сите страни качува чудесно високи оцени, право освежување да се прочита како старата школа сепак не треба да се заборави тек така! Стив Мк Клуре, искусен качувач со 4 банки на грбот, пред некој ден на островот ја повтори насоката HUBBLE (8c+)! Иако во животот има искачено се и сешто, Стевчо признава дека Hubble годиниве му бил опсесија за која често наутро се будел со мокри дланки! Се работи за петто повторување од 1990 година, кога за прв пат е качена насока со таа тежина во светот од Бен Мун(Ben Moon). Беа тоа стари времиња кога оцените беа цврсти како никогаш, а насоката за разлика од денешните почестите 50+ метри насоки оваа насока има 10 тешки покрети и два спита. Инаку секогаш е влажна, а добрите услови за да ја качиш се секоја престана година и тоа еднаш во годината
Сабота, 1 Август, 2009 во 1:41 Напишано од Владо
Почитувани колеги качувачи, имаме чест и задоволство да Ве известиме дека Екстрем доби нов претседател. Тоа нашата примадона госпоѓица Лидија Мимова, долгогодишен и активне член на клубот. Овој првофоримиран клуб за спортско качување како и до сега што прв во многу работи, така е сега и прв клуб со жена претседател. Покрај Лиде дојдоа и до други промени во Извршниот одбор односно дел од старата школа на Екстрем самоволно се повлече и одстапи место за новата свежа генерација. Нека им е четито и да ги подржиме и бодриме во идното раководење на клубот. Поздрав од старата школа!
Четврток, 25 Јуни, 2009 во 10:11 Напишано од Моте
Саботно искачување на Матка со Марјан. Следи текст...
Понеделник, 22 Јуни, 2009 во 3:04 Напишано од Моте
Остра карпа, Прилепец, околина на Прилеп. Еден од ретките гранитни локалитети во Македонија. Има неколку насоки, и вежбалишта. Искачување за Великден. Старо ама сепак свежо. Искачени Жикино окно и Мајсторот. Во продолжение следи повеќе текст...
Петок, 19 Јуни, 2009 во 11:55 Напишано од Владо
Дечки вчера беше сефте првото полагање за новите членови на Екстрем. Првите кои положија се и најдобрите (без навреда за преостанатите) од новодојдените членови во клубот. Полагањето беше за спортски качувач и се одржа на Матка на плочка. Поздрав до Томи и Ичи и сега нека се подготвуваат и преостанатите членови. Следното полагање ќе биде набрзо!!!
Петок, 5 Јуни, 2009 во 9:30 Напишано од Владо
Минатиот петок бевме на тренинг во Софија, во новата сала при НСА(Национална спортска академија). Имано Станимир, Ивајло Фазата(прва 9а во Бугарија) и Ивајло Кратсев(прв Бугар со качена 9а во Шпанија) изградија со помош на Факултетот за спорт нова сала за качување. Во салата има вештачки карпи, болдери и сето тоа е 1200м2 качувачка површина. Нашата екипа составена од Виктор, Ване, Моте и јас(Владо) бевме на целодневен тренинг-качување до умирачка!!! Супер бре супер. Таму се појавија сите оние Бугарски фаци независно што се и што качуваат. Мораме да се пофалиме дека нашите млади беа пофалени за одличната техника-Македонска техника брееее! Значи сега треба само сила и издржливост да се тренира и очекуваме поголеми резултати од порано.